Актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите во женска конкуренција, тимот на Вајперс Кристијансад, се соочува со големи проблеми поради повредата на руската репрезентативка Ана Вјахирева.
Русинката во дуелот против Фредрикштад од норвешкиот шампионат кон средината на првото полувреме се здоби со повреда на ногата и мораше да го напушти теренот.
Норвешкиот шампион се уште ја нема информирана јавноста за состојбата на искусната ракометарка.
Во Вајперс Кристијансад повредена ѐ и голманката Катрин Лунде, која е неизвесна за настап на Мундијалот 2023.
Со отсуството на двете важни играчи, тимот на Вајперс Кристијансад едвај го победи Бјасен во рамки од Купот на Норвешка, славеше со 28:27.
Вјахирева на последниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите беше прогласена за наЈкорисен играч, односно МВП.