, Germany vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18/01/2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Германија во финишот го скрши отпорот на упорните Исланѓани!

Во последниот натпревар од главната фаза на групата 1, домаќинот Германија им се врати на победите совладувајќи го Исланд со 26:24 . Немаа Германците воопшто лесна задача, ако се знае дека Исланд до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Сепак во самиот финиш Германија го имаше Волф на голот кој одбрани два пенали по ред, а Кнор и Кестер ставија печат на натпреварот.

Германија-Исланд 26:24  (11:10)

Исланѓаните добро го отворија натпреварот и со головите на Палмарсон и Гудјонсон поведоа со 0:2. Цели десетина минути популарните „рибари“ ја одржуваа предноста (3:5), но следуваше период од пет минути без постигнат погодок, кој го искористи Германија правејќи серија од 4-0, по која дојде до првото водство од 7:5. Елисон и Арнарсон со два погодоци го прекинаа црниот период без погодок кај Исланд, за 7:7. Во продолжение се играше израмнето, а Гола со својот втор погодок стави крај на првиот дел кој заврши со резултат 11:10.

, Germany vs Iceland, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18/01/2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Германија со головите на Кнор и Гола поведе со 13:11 на почетокот на второто полувреме. Оваа предност ракометарите на Гисласон ја одржуваа до 45.минута кога Исланд со голот на Јонсон стигна до израмнување 17:17. Смарасон со својот петти гол по подолго време го врати Исланд во водство 18:19, а на спротивната страна врати Кнор. Во последните десетина минути германците преку Мертенс повторно го вратија водството 22:21, имаа можност и преку Кнор со удар од седум метри да поведат и со два разлика, но Густавсон по вторпат го спречи од линијата давајќи и нова шанса на својата репрезентација.Исланѓаните не успеаа да реализираа неколку напади за израмнување а сето тоа го казни Кастенинг на спротивната страна за 23:21 во 55.минута. Во последните неколку минути се случуваше вистинска драма.Магнусон со вториот гол намали на еден негатива 24:23, по што Кнор направи пробивање. Добија Исланѓаните пенал за израмнување во следниот напад но Магнусон двапати по ред не успеа да го совлада Волф. Следуваше тајм аут за германскиот селектор кој го подготвуваше можеби решавачкиот напад за победа на својата репрезентација. Кестер го пронајде Гола на линијата кој реализираше за 25:23. Во следниот напад искључен на две минути беше Гола, а Гудјонсон брзо реализираше за 25:24. Исланѓаните излегоа на пресинг да ја пресечат топката, а тоа го искористи Кестер кој со својот четвртти гол стави точка на натпреварот за конечни 26:24.

Најпрецизен во репрезентацијата на Германија беше Кнор со шест гола, а Смарасон шест пати го погоди германскиот гол.

Со овој триумф Германија им се врати на победите по поразот од Франција во првата фаза, и ги запиша првите 2 бодови во групата 1 во Главната фаза. Исланд со овој пораз остана без бодови.