Официјалниот сајт на унгарскиот првак Ѓер објави дека се потпишани договори со две ракометарки од селекцијата на Холандија.
Станува збор за десниот бек Дионе Хаусхер и левото крило Бо Ван Ветеринг, кои во моментов играат за данскиот Оденсе.
Двете имаат по 23 години и беа во ростерот на Холандија, кога оваа селекција стана светски првак во 2019 година.
Хаусхер и Ван Ветеринг одново ќе работат со данскиот стратег Улрик Киркелу, кој сега е на клупата на Ѓер, а претходно беше дел од Оденсе.