Актуелниот европски шампион Ѓер славеше на гостувањето кај Лудвигсбург со 25-24 во првиот четвртфинален натпревар и се наоѓа на чекор до пласман на Ф4 во Будимпешта.
Натпреварот го одбележаа голманките – Швеѓанката Бундсен имаше 14 одбрани за домашниот тим, а данската репрезентативка Сандра Тофт блескаше со 15 интервенции на голот на Ѓер.
Лудвигсбург водеше со 24-21 на седум минути до крајот, но тогаш Мала и Кудлач промашија два пенали, Ѓер ги казни тие грешки и со голот на Јоргенсен од пенал по истекот на времето успеа да победи.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Де Паула со седум гола, како и Јоргенсен и Хоусер со по четири, додека кај Лудвигсбург се истакна Лохет со пет погодоци.