Португалскиот гигант Бенфика го назначи Швеѓанецот Андерс Халберг за нов главен тренер на машкиот тим. Двете страни потпишаа договор на три сезони, а 40-годишниот стратег доаѓа во Лисабон по одличната сезона со Кристијанштад.
Халберг во изминатата сезона го предводеше Кристијанштад до шампионската титула во Шведска, откако неговиот тим го совлада Малме со 3-1 во финалната серија. Покрај тоа, ја освои и Куп титулата, победувајќи го Иштад во финалето.
Под негово водство, Кристијанштад имаше успешна сезона и на европска сцена, стигнувајќи до плеј-офот во Лигата на Европа.
Халберг ја започна тренерската кариера во сезоната 2022/23 во Халби, а од 2023 до 2025 година беше и помошник селектор на младинската репрезентација на Шведска до 21 година.
Како играч настапуваше на позицијата среден бек, најголем дел од кариерата го мина во Луги, а играше и за данскиот Силкеборг, како и за норвешките клубови Рунар и Сандефјорд.
Со неговото доаѓање, Бенфика отвора ново поглавје, откако неодамна се раздели со шпанскиот стратег Хота Гонзалез, кој ќе продолжи да ја води репрезентацијата на Полска.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























