Гакидова: Свесни сме дека Германија е посилна, но ние мора да се бориме за секоја топка

Женската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните две средби од квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Македонија ја заврши својата главна задача и беше подобра во двомечот со Белгија, а сега ќе се соочи со светскиот вицепрвак Германија и Словенија на гостински терен.

Капитенот Ивана Гакидова ги сподели своите очекувања пред дуелот со Германките.

„Свесни сме дека Германија е многу посилна и поискусна репрезентација од нас, но токму ваквите натпревари се најголема мотивација. Нашиот фокус ќе биде насочен кон нашата игра и кон тоа да го дадеме максимумот на теренот. Клучно ќе биде да се бориме за секоја топка и да останеме дисциплинирани од првата до последната минута. Со тимска енергија, решителност и борбен дух, веруваме дека можеме да се прикажеме добро издание“, изјави Гакидова.

Македонија утре од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Германија, додека на 12 април ќе гостува кај Словенија.

Повеќе детали за тоа како Македонија може да се пласира на Европското првенство во Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, прочитајте ТУКА.