Данскиот вицепрвак Фредериција, која се наоѓа во иста група со Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, одлучи за последните натпревари од оваа година да ангажира нов голман.
Во Фредериција пристигна Унгарецот Мартин Наѓ, голман од ПИК Сегед. Наѓ во ПИК Сегед не добиваше многу шанса, па така данскиот тим побарал од унгарскиот тим 25-годишниот голман остатокот од декември да го мине во скандинавската земј.а
Раководството на ПИК Сегед ја прифатило понудата од Фредериција, па така Наѓ ќе биде од голема помош за данскиот вицепрвак на следните четири клучни натпревари.
По повредите на Торстен Фрис и Себастијан Франдсен, Фредериција на голманската позиција го имаше на располагање само Расмус Јенсен.
Наѓ во сезона 2020/21 настапуваше на позајмица во Исланд, поточно во Валур, а во сезона 2021/21 и 2022/23 беше на позајмица во бундеслигашот Гумерсбах.
Фредериција, моментално, во данскиот шампионат се наоѓа на третото место, а во следните четири кола ја очекуваат натпреварите со Скјерн, Алборг, Сондерјуске и Колдинг.