Dika MEM, France vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 22.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Франција ги совлада и упорните Австријци, и го потврди пласманот во полуфинале!

Франција на едно коло пред крајот го потврди првото место во групата 1, а со тоа и пласманот во полуфиналето на ЕХФ ЕУРО 2024. Ракометарите на Гијом Жил по минималната негатива која ја имаа по првото полувреме, успеаа во последните десетина минути комплетно да го скршат Австрискиот отпор, и да ја осигураат важната победа која им го донесе првото место и пласманот во полуфинале.

Франција-Австрија 33:28   (15:16) 

Австрија преку расположениот Божовиќ кој постигна два гола одлично го отвори мечот, и веќе по четири минути игра имаше водство од 1:4.Предноста од два погодоци Австријците ја одржуваа десетина минути, 5:7, по што следуваше одговор од Франција која со серија од 4-1 го превзема водството на средината на првиот дел, 9:8. Францзите цели десетина минути имаа контрола на резултатот, поведоа и со највисоки 15:12, но последните пет минути им припаднаа комплетно на Австријците. Ракометарите на Алеш Пајовиќ го имаа расположениот Билик кој со два гола и две асистенции беше иницијатор на серијата од 4-0, со која австријците фуриозно го финишираа првото полувреме, за водство од 15:16.

Luka KARABATIC, Nikola KARABATIC and Janko BOZOVIC, France vs Austria, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 22.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Во вториот дел Франција заигра пожестоко во одбраната, ги затвори приодите кон голот на Беласен и многу брзо преку Наи успеа да го врати највисокото водство 21:18. И покрај константното водство на „триколорите’,  австријците беа упорни и најчесто преку Хутечек го наоѓаа патот до противничката мрежа. Во последните десетина минути Франција влезе со минимално водство од 27:26, но со двата погодоци на Фабрегас и Мае веќе беше на плус три, 29:26. Следуваше промашување на Божовиќ , а Карабатиќ со својот втор гол ја доведе Франција на највисоки 30:26 во 55.минута. Тука се чини и беше ставена точка на дилемата за победникот. На крајот Мем со својот седми гол ги постави конечните 33:28.

Дика Мем и Фабрегас со седум погодоци ја предводеа листата на стрелците кај Франција, а голманот Белисен забележа одлични 15 интерввенции. Во Австрискиот национален тим најефикасни беа Билик и Хуечек со шест.

По овој триумф Франција и официјално го зацементира првото место во групата 1, и го потврди пласманот во полуфиналето на ЕП.