Веспрем го доби големото дерби во унгарскиот шампионат против ПИК Сегед со 36-33 и го потврди првото место на табелата, односно пласман во финалето на плеј-офот.
За второто место ќе се борат ПИК Сегед и Ференцаврош на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Веспрем е прв на табелата со 44 бода, ПИК Сегед е втор со 36, а на третото место Ференцварош има 35. Второто место води во битката за титула.
Ференцварош до крајот ќе игра дома со ПЛЕР Будимпешта и ПИК Сегед, а ќе гостува кај Веспрем и НЕКА, додека ПИК Сегед покрај директниот дуел кај Ференцварош, ќе игра уште со Комло, НЕКА и Ѓенѓеш.
Ако се знае дека ПИК Сегед помеѓу овие мечеви го чека и двобој со Барса за место на Ф4 во Лигата на шампионите, не треба да му се одземаат шансите на Ференцварош за сензација и второ место на табелата.