Фантастичен Поповски – „леташе“ по теренот и му донесе победа на Цирих!

Тимот на Цирих, предводен од македонскиот интернационалец Мартин Поповски, запиша втора победа во вториот натпревар од швајцарскиот шампионат.

Цирих славеше минимално против Кројцлинген со 28-27, а најзаслужен за новите бодови е Поповски.

Тој постигна скоро половина од головите на Цирих – вкупно 11 гола во противничката мрежа од 13 обиди.

Цирих сега го чека реваншот од квалификациите за Лигата на Европа против Луцерн, каде ќе брка седум гола негатива.

Во швајцарското првенство, Цирих има два од два исто како и Кадетен Шафхаузен, а во следната рунда се среќава со Вакер Тун на гости.