Колкава е разликата во квалитетот меѓу европските екипи и екипите од остатокот од светот, се виде на натпреварите од второто коло на Светското клупско првенство.
Веспрем, Барселона и Магдебург постигнаа 153 погодоци против ривали или во просек по 51, и победија просечно со по 30 голови разлика!
Трите европски екипи ги дели уште по една победа во полуфиналето на Светското клупско првенство, но утре ќе имаат потежок испит бидејќи ќе играат против Ал Ахли, Замалек и Ал Калеј.
Веспрем славеше против бразилскиот Таубате со 43-17, десет гола имаше Уго Деска, додека голманот Јенсен запиша дури 24 одбрани.
Барселона немаше проблеми против австралискиот Сиднеј и го победи со 53-23. Предводник беше левото крило Ортега со девет погодоци, додека голманите Де Варгас и Нилсен имаа 52% успешност на одбрани.
Магдебург броеше до 57 против американскиот Калифорнија Иглс, кој може да се пофали дека постигна 21 гол против бундеслигашот. Мертенс имаше 16 гола, а Серадиља даде уште 13.
Светско клупско првенство, резултати:
Веспрем – Таубате 43-17
Магдебург – Калифорнија Иглс 57-21
Барселона – Сиднеј Универзитет 53-23