Македонскиот првак Еурофарм Пелистер славеше нова победа во суперлигашко друштво, откако на домашен терен како гостин ја совладаа Струга со 43-25.
Овој меч го одбележа камбекот на терените на десното крило Ненад Костески, кој по девет месеци одново заигра ракомет и постигна шест погодоци.
Стружани парираа едно полувреме на овој натпревар, на паузата се замина со 19-17 за битолчани, но во вториот дел пелистерци комплетно го надиграа ривалот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Цветан Кузманоски со девет и Нејц Цехте со осум гола, додека кај Струга се истакна Богдан Мијушковиќ со шест гола.
Во следното коло, Струга гостува кај Пролет, додека Еурофарм Пелистер ќе го пречека велешкиот Бисинов ФЛ.