ЕП младинци: Aвстрија ја шокира Хрватска, сите други фаворити стартуваа со победи

Денеска се одиграа првите 12 натпревари од првата рунда од Европското првенство за младинци во словенечкиот град Целје.

Во групата А, каде што Македонија ја победи убедливо Црна Гора, селекцијата на Хрватска доживеа по малку изненадувачки пораз од Австрија со 27-23.

Колку и да се обидуваат хрватските младинци да се вратат во игра во вториот дел по негативата од пет гола во првото полувреме, не успеваа.

Австријците го имаа расположениот голман Леон Бергаман со 13 одбрани, а најдобар стрелец беше Мелешинг со шест погодоци. Во хрватскиот составот голманот Тин Херцег собра 12 одбрани, додека Александар Чаприќ постигна пет гола.

Европско првенство, младинци, резултати, 1 коло:

група А
Црна Гора – Македонија 21-31
Хрватска – Австрија 23-27

група Б
Германија – Србија 33-29
Португалија – Грција 40-22

група Ц
Шпанија – Франција 37-31
Фарски Острови – Швајцарија 30-29

група Д
Норвешка – Романија 35-27
Унгарија – Чешка 27-24

група Е
Данска – Италија 38-21
Словенија – Израел 33-31

група Ф
Шведска – Полска 38-26
Исланд – Украина 49-22