По околу 20 години настапи за националниот тим, левиот бек попознат како дефанзвиец, Херник Мелгард, го одигра последниот натпревар во репрезентацијата.
Тој беше дел од мечот од ЕХФ Евро Купот што Данска на крајот го загуби од Франција со 40-38, а потоа заврши на рацете на соиграчите.
Мелгард по крајот на сезоната ја завршува и клупската кариера во Алборг, а веднаш потоа ќе му стане асистент на Стефан Мадсен, и двајцата ќе го водат францускиот ПСЖ.
По мечот со Франција, данската федерација им додели специјални признанија и на легендарните Микел Хансен и Никлас Ландин, кои ги завршија репрезентативните кариери по Олимписките игри.
Ландин се уште е активен на клупско ниво, во дресот на Алборг.