Екс ракометар на Охрид се врати во БиХ

Поранешниот ракометар на Охрид, Никола Грубиќ, ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.

Искусниот Србин, кој дресот на македонскиот суперлигаш го носеше краток временски период во сезона 2022/23, се врати во БиХ.

Десниот бек ги засили редовите на амбициозниот босански прволигаш Градачац, клуб во кој како ново засилување пристигна и екс голманот на Струга, Дејан Рикановиќ.

Грубиќ од Охрид замина во Луксембург, потоа направи трансфер во Црвена Ѕвезда, па  одлучи да се пресели во Грција, поточно во тимот на Драма.

26-годишниот ракометар со своето големо искуство би требало да биде големо засилување во новиот тим.