Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше и на втората пријателска средба против Грција пред настапот на ЕП.
По вчерашниот триумф со 31-29, избраниците на Горан Кузманоски го победија јужниот сосед и денеска со 26-20.
Во првиот дел во повеќе наврати Македонија водеше со три гола разлика, но противникот се врати во егал и на паузата беше 12-12.
Второто полувреме мина во доминација на нашите момци, кои ниту еднаш не му дозволија на ривалот да помисли на победа.
Македонија на овие две средби играше без Поповски, Ѓорчески и Николовски, кои ќе се приклучат наскоро, а на ЕП во Србија нашите момци ќе се соочат со Словенија, Шведска и Франција.

























