Познат идеалниот тим на младинското ЕП – Хултберг е МВП, Калнинс испиша историја

По завршувањето на младинското ЕП во Романија, Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим на шампионатот, во кој место добија најдобрите поединци од натпреварувањето.

Најмногу претставници има Шведска со четворица ракометари, додека Унгарија, Словенија и Данска исто така имаат свои претставници во Ол-Стар составот.

За најкорисен играч на турнирот беше избран шведскиот среден бек Лијам Хултберг, кој беше еден од носителите на играта на „трите круни“ на патот до сребрениот медал и постигна 52 гола.

Титулата најдобар стрелец заслужено му припадна на летонското чудо од дете Валдис Калнинс, кој го заврши шампионатот со неверојатни 104 погодоци и постави нов рекорд на младинските европски првенства.

Ол-стар тим на ЕП 2026:

Голман: Виго Хокансон (Шведска)
Лево крило: Симон Сејер Кристенсен (Данска)
Лев бек: Аљуш Анжич (Словенија)
Среден бек: Марко Еклемовиќ (Унгарија)
Пивот: Арвид Андреасон (Шведска)
Десен бек: Монс Фредриксон (Шведска)
Десно крило: Алфред Арнелин (Шведска)
Најдобар дефанзивец: Мате Месарош (Унгарија)
МВП: Лијам Хултберг (Шведска)
Најдобар стрелец: Валдис Калнинс (Летонија) – 104 гола

Иако Унгарија ја освои европската титула, најголем индивидуален печат на турнирот оставија шведските репрезентативци, додека Калнинс уште еднаш потврди дека е еден од најголемите таленти во европскиот ракомет.