Не планира крај ниту на 42 години – нов трансфер на легендарниот „фараон“

Египетската легенда Ахмед Ел Ахмар и на 42 години нема намера да стави крај на богатата кариера. Еден од најдобрите бекови што ги имал Египет во последните две децении потпиша едногодишен договор со тимот на Ал Ахли Банк.

Иако не станува збор за најголемиот ривал на неговиот матичен клуб Замалек – Ах Ахли, туку за Ал Ахли Банк, проект кој го води легендарниот Хусеин Али Заки, сепак трансферот предизвика големо внимание во египетската спортска јавност, бидејќи Ел Ахмар до минатата сезона настапуваше за клубот во кој ја изгради својата кариера и стана вистинска легенда.

Неговата интернационална кариера започна во 2012 година со трансфер во катарски Ал Џаиш, а во Европа настапуваше за германски Флензбург. Подоцна играше и за Ал Калиџ и Ал Наџма, пред повторно да се врати во Замалек.

Иако многумина очекуваа дека по минатата сезона ќе стави крај на кариерата, Ал Ахли Банк му понуди договор, па Ел Ахмар ќе продолжи да игра и во својата 43 година од животот. Неговиот трансфер се смета за еден од најзвучните во египетскиот ракомет ова лето.