Пораз за крај и 20. место за Македонија на ЕП

Машката младинска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Романија на 20 место.

Во последната битка Македонија загуби од Србија со 33-30, а победникот беше најавен по првите триесетина минути, кога северните соседи водеа со 20-12.

Во второто полувреме живна малку играта на македонските младинци, ја преполовија негативата на минус четири, 23-19, но потоа следуваше нова серија на Србите.

Беше 28-21, но тогаш Николовски фати пенал, Крстевски беше прецизен три пати, погоди и Ѓоргиевски, па разликата во корист на ривалот беше само три гола, 29-26, кога останува за играње уште десетина минути.

Македонија беше во напад за минус два, но беше пропуштена таа шанса, потоа на пет минути до крајот ни се пружи уште една таква прилика, која ја искористи Лазов за 31-29.

Сепак немаше време за комплетен камбек и Србија го комплетираше мечот со 34-30. Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Марин Крстевски со 11 гола и Ѓурмешевиќ со седум, додека голманот Николовски имаше осум одбрани.