Македонскиот лев бек Дејан Кукуловски не е повеќе ерген.
По освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп со екипата на Охрид, ресенчанецот си обезбеди трансфер во Металопластика, но овие две работи нема да бидат единствените убави оваа година.
Тој ја побара за сопруга досегашната девојка Анастасија Бошнакоска и доби потврдно „ДА“.
Двојката ја сподели убавата вест на социјалнните мрежи, па веднаш почнаа да се редат честитки од сите страни.
Кукуловски потекнува од Ресен, беше дел од Вардар и Вардар Јуниор, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, потоа чешкиот Брно, па Охрид, а од летово ќе се пресели во Шабац.
























