Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе нова одлука во врска со повлекувањето на трикратниот освојувач на Лигата на шампионите, норвешкиот Вајперс Кристијансад.
Во јануари оваа година, Вајперс Кристијансад се откажа од настапот во најелитното европско натпреварување поради финансиски проблеми, односно прогласен банкрот.
Вајперс Кристијансад не ги доигра преостанатите шест натпревари од групната фаза, па така ЕХФ сите натпревари ги регистрира со служен резултат (10-0).
Сега, како дополнителна мерка, ЕХФ го казни клубот со 25.000 евра. Освен паричната казна, норвешкиот клуб нема право на настап во сите клупски натпреварувања под капата на ЕХФ, вклучително и квалификациите, за период од две сезони.
Клубот е обврзан и да ги надомести сите можни штети предизвикани со повлекувањето од Лигата на шампионите.
Поранешниот шампион на Норвешка во сезоните 2020/21, 2021/22 и 2022/23 ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.
Клубот има право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.