Една од најдобрите голманки на светот, Холанѓанката Тес Вестер, која важи и за една од најубавите ракометарки, објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера.
Искусната голманка националниот дрес на „лалињата“ го носеше 12 години и беше дел од најголемите успеси на холандската репрезентација.
Од репрезентативните настапи, сигурно Вестер најмногу ќе го памети настапот на Светското првенство 2019 кога Холандија стана вистински хит освојувајќи го златото.
Вестер со Холандија има освоени сребро и бронза на континенталните собири во 2016 и 2018, но и на Мундијалите во 2015 и 2017.
Во текот на 2022 година објави дека е бремена, стана мајка, по породувањето направи камбек на терените и беше дел од составот на Холандија на Светското првенство пред една година.
По камбекот потпиша со Борусија Дортмунд и со овој клуб има договор на уште една сезони, па многу веројатно е дека играчката кариера ќе ја заврши по завршувањето на следната сезона.