Една Гичева недоволна за Деспина, Спартак се израдува на прв триумф

Тимот на Спартак ја забележа првата победа во новата сезона од Женската лига, откако го доби интересниот натпревар против Деспина со 24-22.

Во прилепскиот тим најискусната Мери Гичева постигна 13 погодоци, но ниту тоа не беше доволно за позитивен резултат од гостувањето во Скопје.

Гостинките водеа со 7-3 во првиот дел полн со грешки, но Спартак до паузата се избори за реми, 9-9.

Домаќинките водеа со плус три во второто полувреме, 18-15, но сега прилепчанки се вратија во игра и израмнија на 18-18.

Во финишот, Спартак влезе со гол предност 23-22, а Ристеска доби исклучување, па Ангеловска го постигна победничкиот гол за 24-22.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Мемов со пет, како и Јакимовска и Митова со по четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080