Еден од најталентираните ракометари во светот и актуелен член на Барселона, десниот бек Ѓорѓе Цикуса, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Цикуса за поголема минутажа ќе оди на позајмица во Франција и таму ќе настапува за поранешниот освојувач на ЛШ, Монпелје.
Договорот меѓу каталонскиот гигант и францускиот клуб е младиот ракометар да биде на позајмица само една сезона, потоа да се врати во тимот на Карлос Ортега.
Ѓорѓе Цикуса во Барселона настапува со неговиот брат близнак Петар, двајцата пред извесен период ги продолжија договорите до 30 јуни, 2027 година.
18-годишните момчиња, кои имаат балканско потекло, имаа неколку понуди да заиграат за репрезентациите на Србија и Хрватска, но сепак решија во иднина да го носат дресот на Шпанија.