Нексе се раздели со Штрлек и Пешиќ

Хрватскиот тим Нексе Нашице оваа сезона не успеа да влезе во финалето на плеј-офот во домашното првенство, па мораше да се задоволи само со бронза.

Во Лигата на Европа имаше задоволувачки резултат и стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од големиот Кил.

На последната заедничка вечера клубот од Нашице се поздрави со двајца искусни ракометари – Мануел Штрлек и Живан Пешиќ.

Левото крило ќе ја продолжи својата кариера во шампионот Загреб, додека кружниот напаѓач и екс пивот на Охрид нема се уште нова средина.

Нексе Нашице ова лето ќе се засили со големата надеж на српскиот ракомет – пикерот од Војводина, Андрија Станков.