Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, во натпревар од 23. коло од Асобал лигата загуби од Ла Риоха.
Ривалот на Ваљадолид беше подобар со 34:27, а двајцата ракометари од Македонија имаа солидно издание.
Левото крило Димитриоски натпреварот го заврши со три погодоци, додека средниот бек Карапалевски имаше две успешни реализации.
По поразот, тимот на Ваљадолид остана на 6. позиција на табелата, но и понатаму има шанси за излез на европска сцена.
Следен предизвик за двајцата Македонци и Ваљадолид ќе биде мечот со Антекера во Кралскиот Куп.