Босанското десно крило Ана Вранчиќ, МВП на Ф4 во Купот на Македонија во 2025 година, останува во шампионот Ѓорче Петров.
Десното крило од Босна и Херцеговина комплетираше две сезони во дресот на „лавиците“, а сега покрај играчката ќе започне и тренерска кариера.
Вранчиќ ќе го комплетира дуото на десната крилна позиција со младата Црногорка Аника Јовановиќ, а ќе биде тренер на крилните ракометарки во младинските категории на клубот.
Претходно Ѓорче Петров се засили со десното крило Аника Јовановиќ од Будуќност 2, како и Ана Марија Коларовска, а беа продолжени соработките со Ива Велкова и Анастасија Трпеска.
Ѓорче Петров ја освои двојната круна во Македонија и во следната сезона ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп и Регионалната лига.























