Денеска ќе се одиграат првите четвртфинални средби во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.
За место на Ф4 турнирот ќе се борат екипите на Спортинг, Нант, Фуксе Берлин, Скјерн, Рајн Некар, Савехоф, Динамо Букурешт и Фленсбург.
Најголемото изненадување – Савехоф ќе се соочи со Фленсбург, амбициозниот Динамо за ривал го има Скјерн, Нант оди на мегдан со Фуксе Берлин, додека Спортинг силите ќе ги одмери со Рајн Некар.
Реванш натпреварите од четвртфиналето се закажани за 30 април, по што ќе биде познато кои четири екипи ќе играат на Ф4 турнирот.
Минатата сезона титулата во Лигата на Европа го освои тимот на Фуксе Берлин, второпласиран беше Гранољерс, а третото место им припадна на ракометарите на Гепинген.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 КИШВАРДА – ФТЦ (УНГАРИЈА)
18:00 ЅВЕНИГОРОД – ЦСКА (РУСИЈА)
18:30 ПАРТИЗАН – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ФЛЕНСБУРГ – САВЕХОФ (ЛИГА ЕВРОПА)
18:45 СКЈЕРН – ДИНАМО (ЛИГА ЕВРОПА)
20:00 ФРАМ – ХАУКАР (ИСЛАНД)
20:45 НАНТ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА ЕВРОПА)
20:45 СПОРТИНГ – РАЈН НЕКАР (ЛИГА ЕВРОПА)
21:40 ВАЛУР – ИБВ (ИСЛАНД)