Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, денеска ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.
Ривал на Рапид Букурешт е освојувачот на Лигата на шампионите од сезона 2016/17, градскиот ривал ЧСМ Букурешт, кој на денешниот натпревар ќе ја има фаворитската улога.
Вториот натпревар меѓу двата тима ќе се одигра следниот викенд, а подобрата екипа ќе си обезбеди пласман во ТОП 8 во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Подравка, тим предводен од поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, ќе се обиде пред својата публика да го изненади Брест Бретањ, односно да оствари позитивен резултат пред реванш дуелот.
Бојан Маџовски заедно со амбициозниот Партизан им се враќаат на европските обврски и денеска ќе го одиграат првиот натпревар од четвртфиналето на Европскиот Куп. Српскиот тим е гостин на денешното соочување, додека реванш натпреварот ќе се одигра на 30 март во Белград.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 АСТРАХАНОЧКА – РОСТОВ (РУСИЈА)
11:00 ЧЕРНОМОРОЧКА – ЛАДА (РУСИЈА)
16:00 ТУРИНГЕР – ВАЛЧЕА (ЛШ)
16:00 ПОДРАВКА – БРЕСТ (ЛШ)
16:00 СКЈЕРН – АЛБОРГ (ДАНСКА)
16:30 СПОРТИНГ – БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА)
17:00 ХАУКАР – ИЗВИЃАЧ (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 ЦИРИХ – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
18:00 ЈАГОДИНА – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА)
18:00 АЕК – ПАРТИЗАН (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 ФЛЕНСБУРГ – КИЛ (БУНДЕС)
18:00 РАПИД – ЧСМ (ЛШ)
18:30 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
19:00 БИТИГХАЈМ – ПОТДСАМ (БУНДЕС)
19:00 ЕРЛАНГЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
20:00 НАНТ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)