ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ќе се делат два билети за Келн

Денеска ќе се одиграат два реванш дуели од четвртфиналето на Лигата на шампионите, по што ќе бидат познати првите два патника на Ф4-турнирот во Келн.

Во терминот од 18:45 часот ќе играат Алборг и Фуксе Берлин, кој денеска само треба да ја потврди фаворитската улога, бидејќи на првиот натпревар славеше убедливо.

Бундеслигашот минатиот викенд одигра според очекувањата и го совлада данскиот шампион со осум гола разлика,37:29.

Во терминот од 20:45 часот ќе се сретнат Спортинг Лисабон и Нант, а на овој натпревар се очекува голема борба за секоја топка.

Двете екипи на првото соочување одиграа неизвесен меч, а на победа се радуваше францускиот тим, кој славеше минимално со 28:27.

Натпреварите меѓу Веспрем и Магдебург, и Барселона и ПИК Сегед се закажани за утре.