ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби во Охрид, Голден Арт на меч „се или ништо“

Денес ќе продолжат натпреварите од 12. коло во суперлигашката конкуренција, а најинтересно се очекува да биде на натпреварите меѓу Охрид и Тиквеш, односно Пролет и Голден Арт.

Охрид, кој исто како и Тиквеш има обезбедено место во плеј-офот, ќе посакува пред својата публика да им се реваншира на кавадарчани за поразот на првата меѓусебна пресметка.

Пролет, кој на табелата во Б групата има 18 бода, на свој терен ќе го пречека младиот тим на Голден Арт.

Голден Арт на свое конто има 13 бода, па така избраниците на Филип Глигоров ќе мора денес да остварат позитивен резултат за да останат во игра за пласман во плеј-офот.

Возбудливо се очекува да биде и на дуелот во Прилеп каде што истоимената екипа ќе го пречека дебитантот од Автокоманда.

Бранителот на титулатa, тимот на Еурофарм Пелистер, ќе гостува кај незгодниот Бутел Скопје. Тимот на Горан Кузманоски веќе има обезбедено место во плеј-оф фазата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

18:00 БУТЕЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)

18:00 БИСИНОВ – ОВЧЕ ПОЛЕ (ПРВА ЛИГА)

18:30 ОХРИД – ТИКВЕШ (СУПЕР ЛИГА)

18:30 ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС (СУПЕР ЛИГА)

18:30 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ (СУПЕР ЛИГА)

18:30 ДРАЧЕВО – ПРЕСПА ВАРДАР (ПРВА ЛИГА)