ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Данска и Холандија решаваат за последниот полуфинален билет на ЕП

Денеска се игра последното коло од главната рунда во групата 2 на Европското првенство во Австриј, Швајцарија и Унгарија.

Откако Норвешка го обезбеди првото место со максимален број бодови, осум, селекциите на Данска и Холандија, меѓусебе ќе решаваат за второто место и за вториот патник во полуфиналето.

Првата полуфинална двојка е Норвешка – Унгарија, додека Франција го чека победникот од дуелот меѓу Данска и Холандија, а поразениот од оваа средба ќе се соочи со Шведска во битка за петтото место.

На меѓународна сцена настапи ќе имаат повеќе од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 СЛОВЕНИЈА – ГЕРМАНИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
20:30 ШВАЈЦАРИЈА – НОРВЕШКА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
16:00 ЛАДА ТОЉАТИ – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)
18:30 ТРИМО ТРЕБЊЕ – ГОРЕЊЕ ВЕЛЕЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ПОТСДАМ – АЈЗЕНАХ (ГЕРМАНИЈА)
22:00 СПОРТИНГ ХОРТА – БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА)