За екипата на Голден Арт денешниот дуел со Бутел (16,30 часот – СЦ „Јане Сандански“) ќе значи и патоказ, колку блиску или далеку се од пласманот во плејофот, цел што клубот си ја постави пред почетокот на сезоната. На четири натпревари пред крај на групната фаза на „градежниците“ им требаат три победи за да бидат во игра за место што води во разигрувањето за титулата.
Колку што зависи од самите нив, толку ќе треба да „стискаат палци“ и на натпреварите на нивните директни конкуренти, Бутел и Пролет. На сите следни мечеви важна ќе биде и постигната гол разликата, но и исходот од последното коло меѓу Пролет и Бутел. Трите екипи се борат за две места што водат во елитата и најдобрите осум тима во Супер лигата.
Голден Арт има 13 бода по 10 одиграни кола, пет помалку од Бутел и Пролет кои се на делба на третото место. Во претходните натпревари сезонава Голден Арт загуби од Бутел (23-29) и од Пролет (23-25), а во меѓусебниот дуел на Бутел и Пролет триумфираше тимот од Бутел со 33-26.
„Сега мечот со Бутел ќе биде поразличен, бидејќи играме дома. Според мене ова е можеби и најважен меч. Нема да биде воопшто лесно. Се подготвуваме веќе втора недела. Добро ги анализравме. Можеме да триумфираме ако ги намалиме техничките грешки што ги имавме досега, а одбраната ни е на ниво. Играчите се свесни дека сега се е важно, и добро тренираа, вели Филип Глигоров, тренерот на Голден Арт.
Овие два тима меѓусебе играа и во август пред почетокот на сезоната кога победи Голден Арт, 21-18. Тогаш беше почеток на сезоната, а сега веќе формата треба да е на највисоко ниво. Тренерот Глигоров посочиод каде би доаѓала најголема опасност.
„Тука е Јефтиќ, на пикерска позиција, и него треба да го задржиме. Можем да го задржиме и знаеме и како. Тука и Филип Николов и уште неколку други играчи. Имаат искусно и играње во плејоф. Имаме и ние џокер во ракавот. Денеска ќе се бориме до крај, вели Глигоров.
Ова е важен меч кој ќе покаже дали Голден Арт останува воигра за плејофот, или ќе се подготвува за плејаут, каде и лани граше и беше најдобар од осумте тима. Сега и притисокот е поголем.
„Не е ништо загубено ниту после Бутел, но ќе зависи и ќе значи многу и за самодовербата кај играчите. Затоа сакаме добро да играме, и секако да победиме, смета Глигоров.
Голден Арт до крај на групната фаза покрај домашниот дуел со Бутел, треба да гостува кај Пролет, па да го пречека Прилеп. Во последното коло Голден Арт му гостува на Вардар.
Бутел освен овој меч со Голден Арт има домашен меч со Еурофарм Пелистер, па игра дома со Вардар Неготино и во последното коло гостува кај Пролет.
Тимот на Пролет следното коло е домаќин на Голден Арт, гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер и во последното коло е домаќин на Бутел.
Има многу можни комбинации, а вечерва ќе бидат попознати шансите на тимовите по одигрување на средбата во СЦ „Јане Сандански“.
Мице Шилегов е оптимист: Одиме на сè или ништо, ама повеќе мислам дека ќе биде сè