Дејвис: Нема лесни натпревари во Лигата на шампионите

Некогашниот тренер на ЖРК Вардар и Вардар, Давид Дејвис, одново се враќа на европска сцена и по работата во Египет го презема Динамо Букурешт.

Романскиот првак е дел од групата А во Лигата на шампионите заедно со Еурофарм Пелистер, ПСЖ, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон, Фуксе Берлин и Фредереција.

Дејвис даде кратка изјава по ждрепката.

„Ждрепката е само првиот чекор од долгиот пат во Лигата на шампионите, каде порано или подоцна ќе мора да играме со најдобрите светски тимови. Нема да имаме лесни натпревари, но јасно е дека може да работиме напорно и да го задржиме нашиот борбен дух во целата сезона“, изјави Дејвис.

Динамо Букурешт ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер на 16/17 октомври, додека пелистерци ќе одат на меч во романската престолнина на 04/05 декември.