Дански новинар се “потсмеваше“ на соседот: Повикајте 112, Данска ги злоставува Норвежаните!

Данска во минатато коло славеше убедлив триумф над Норвешка со 23:29, со што го потврди првото место во групата 2 и пласманот во финалето на ЕП во Германија.

Данска и Норвешка се големи ривали во ракометот, во минатото одиграле голем број на дерби мечеви и секоја победа е многу значајна за ракометните фанови во тие тие земји.

Данска во првото полувреме се поигруваше со Норвежаните,  а новинарот од оваа земја, Џони Кокборд  добрата игра на својата репрезентација ја искористи да се „потсмева“ со противникот.

Норвешка каде си?  Ало Норвешка, дали си овде?! Повикајте 112 бидејќи тоа што моментално Данска и го прави на Норвешка е злочин.Апсолутно лудо прво полувреме во изведба на нашите ракометари.Данската одбрана ги понижи Норвежаните, беа парализирани во секој напад.-напиша веднаш по натпреварот Кокборд.

Данска игра феноменално во досегашниот тек на ЕП во Германија и на доминантен начин се пласира во полуфиналето.