Во скандинавското дерби од групата 1 на главната фаза, репрезентацијата на Данска славеше убедлив триумф над Норвешка 23:29 (11:18), и на доминантен начин го визираше билетот за полуфинале на ЕХФ ЕУРО 2024. Данците влегоа доминантно во натпреварот, а веќе на половината од првото полувреме создадоа голема предност (5:13),која се покажа како клучна за денешниот победник.
Норвешка-Данска 23:29 (11:18)
По релативно изедначениот почеток во кој Данците имаа минимално водство од 4:5 во 7.минута, следуваше период од цели 13 минити во кој Норвежаните постигнаа само еден погодок, а примија осум, по кој Данска поведе со убедливи 5:13 во 20.минута. Бјорсен погоди после половина полувреме да го запре данското „торнадо“, но тоа не беше возможно. Погодуваа Данците без проблем од секоја позиција, играа течно и во дефанзива и во напад, а Питлик-Гитсел беше дуото кое како и во досегашниот дел од ЕП ја носеше Данска до нова победа.До крајот на полувремето ракометарите на Николај Јакобсен ја зачуваа високата предност, а Сагосен со звукот на сирената ги постави конечните 11:18 по првиот дел.
Норвешка со серија од 4-1 го отвори вториот дел намалувајќи на 15:19, со што за момент се отвори шанса за враќање во натпреварот. Сепак Данска покажа класа, и многу бргу ја врати високата предност 16:23. Нилсен беше одличен на голот, a ракометарите на Јакобсен одлично комбинираа во нападот за лесна реализација.Во продолжението данците одржуваа најчеста предност помеѓу шест и седум голови позитива. Киркелоке стави точка на мечот за конечни 23:29.
Најрасположени за игра во Данската репрезентација беа Линдберг, Гидсел и Питлик кои постигнаа по пет погодоци, а во Норвешка, Блонз исто така пет пати ја затресе данската мрежа.