, Denmark vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 17.01.2024., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Данска со “пеколно“ второ полувреме ги декласира „лалињата„!

Во вториот натпревар од главната рунда во рамките на групата 2, репрезентацијата на Данска во фантастично второ полувреме успеа да ја декласира Холандија со 39:26   (18:17), со што се приближи на чекор до полуфиналето на ЕХФ ЕУРО 2024.

Данска-Холандија 39-26 (18:17) 

Данска одлично го стартуваше мечот и уште во 5.минута изгради солидна предност од 4:1. Тоа не ги извади од ритам „лалињата“ кои одговорија со серија од 3-1 , па со голот на Верстејнен намалија на 5:4. Токму десниот бек беше движечка сила на Холанѓаните кои на средината на првото полувреме стигнаа до нерешени 9:9. Во продолжение и двете репрезентации влегуваа во серија од неколку погодоци но ниедна не успеа да направи опиплива предност.Во последната третина Данска беше подобра за еден погодок и со голот на Хансен од седмерец на полувреме замина со минимална предност од 18:17.

, Denmark vs Netherlands, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 17.01.2024., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

На почетокот на вториот дел „лалињата” пропуштија неколку шанси да го израмнат резултатот, а Гидсел казнуваше на спротивната страна, одржувајќи ја својата репрезентација во позитива од два до три погодоци.Холанѓаните успеваа да се одржат во игра се до 40.минута кога имаа еден гол негатива 23:22, но потоа следуваше неверојатна серија на данските ракометари од 7-0 со која го решија победникот на овој натпревар. Веќе во 45.минута  данците водеа со 30:22, а последната третина од мечот беше чиста формалност. Гитсел беше ракометарот за кој лалињата немаа одговор вечерва, а кога на тоа ќе се додатат и расположените Питлик, Лауге И Хансен тогаш тешко која репрезентација може да слави над Данска. Конечниот резултат на натпреварот беше 39:26,  за прв триумф на данците во главната фаза.

Најпрецизен кај победничката репрезентација беше Гидсел со девет гола, a Питлик, Хансен и Лауге беа стрелци на пет.