По разочарувачкото 21 место на Европското првенство, женската репрезентација на Србија ќе има нов селектор. Досегашниот Урош Брегар доби отказ, иако неодамна го продолжи договорот со РСС.
По СП 2019 и неуспешниот обид Србија да се пласира на ОИ, Цвијиќ заедно со Томашевиќ, Лекиќ, Живковиќ…се повлекоа од националниот тим и најавија крај на репрезентативните кариери.
Цвијиќ на гостувањето во подкастот „3,2,1“ откри дека би сакала да се врати во националниот тим.
„Кога Брегар не е повеќе тука, би се согласила да се вратам во репрезентацијата. Не знам кој ќе биде селектор, баш ме интересира, но би сакала Србија да оди на големо натпреварување. Ако мжеам да помогнам, тоа би го направила. Веќе сме во дупка и ќе треба многу време да се вратиме“, вели Цвијиќ.
Некогашната вардарка посакува и Лекиќ да се врати во репрезентативниот дрес.
„Ќе и предложам. Ќе ја прашам кога ќе се видиме во Унгарија“, истакна Цвијиќ
Двете ракометарки го носат дресот на Ференцварош и имаат одлични настапи за унгарскиот вицепрвак неколку сезони по ред.