Цветаноски: Промашивме многу зицери и попуштивме кога најмногу требаше

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 8. коло во Супер лигата беа поразени на гостувањето кај Бутел Скопје со 27:21.

Прилеп со евентуална победа ќе ги зголемеше шансите за пласман во плеј-оф фазата, а со денешниот пораз направи чекор назад.

Левиот бек на Прилеп, Никола Цветаноски, истакна дека промашените зицери и кризниот период во финишот од дуелот биле причина за денешниот пораз од скопскиот тим.

,,Борбен натпревар од страна на двете екипи, париравме добро до 45-50 минута, имавме и предност во неколку наврати, но нашата концентрација во важни моменти не беше на висина, промашивме доста зицери што една искусна екипа како Бутел Скопје знае да ги казни, па така не можевме да направиме добар резултат, попуштивме кога најмногу требаше. Останува брзо да го заборавиме овој пораз и да се подготвиме за следниот дуел против Пролет. Овој натпревар би можел да биде клучен во борбата за плеј-офот и секако дека ќе атакуваме на победи и три бода”, изјави Цветаноски.

Прилепчани останаа на седум бода и ќе одат на поправен следното коло на домашен терен против Пролет во обид да фатат приклучок кон водечката четворка.

Бутел Скопје го совлада Прилеп и фати правец кон плеј-оф