Danilo-Gutic-RSCG

Црногорски бисер доаѓа во Битола!

Данило Гутиќ, еден од најталентираните млади ракометари од Црна Гора, според информациите на 24Ракомет треба да биде ново засилување за Еурофарм Пелистер 2. Договорот наскоро треба да биде официјализиран и од битолскиот клуб.

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најновото име што треба да пристигне во Битола е Данило Гутиќ, млад десен бек од Црна Гора.
Според информациите на 24Ракомет, Гутиќ веќе има договор со битолскиот клуб, а во следниот период се очекува трансферот да биде официјализиран и од Еурофарм Пелистер 2.

Станува збор за ракометар роден во 2008 година, кој важи за еден од најголемите таленти на црногорскиот ракомет. Гутиќ игра на позицијата десен бек, а кариерата ја почна во Морнар од Бар. Црногорскитe медиуми лани го опиша како „еден од најголемите таленти на црногорскиот ракомет“, кога беше објавено дека потпишал тригодишен договор со германски Штутгарт.

Гутиќ уште како млад играч доби можност да замине во Германија и да биде дел од системот на Штутгарт. Неговиот квалитет се потврди и во младинските селекции на Црна Гора.

Гутиќ на Европското првенство за кадети во 2026 година постигнал вкупно 35 голови за Црна Гора. На мечот против Исланд реализирал 7 погодоци, против Швајцарија 12, против Украина 12 и против Холандија 4, што уште еднаш покажува дека станува збор за бек со изразен напаѓачки потенцијал.

Гутиќ е посебно интересен затоа што е леворак бек, профил што секогаш е баран на пазарот.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________