Целје направи нов кикс и се оддалечи од борбата за одбрана на титулата

Екипата на Целје направи уште еден кикс во словенечкиот шампионат, откако во натпревар од 18. коло загуби од Копер.

Избраниците на Алем Тоскиќ беа поразени со 32:27 и со третиот пораз се оддалечија од борба за одбрана на титулата.

Целје сега на табелата има 29 бодови, исто толку има и Горење Велење, додека актуелниот лидер Тримо Требње има 31.

До крајот од сезоната во Словенија остануваат да се одиграта уште осум кола, во кои тимот на Тоскиќ нема да има право на грешка.

Освен играта „топло-ладно“ на домашна сцена, тимот на Целје игра лошо во рамки од Лигата на шампионите, на 13 натпревари не успеа да освои ни бод.