Чаневски одличен, Макаби Ришон од трето место во полуфиналето на плеј-офот

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот интернационалец Градимир Чаневски, од третото место на табелата ќе го дочека плеј-офот.

Во втората фаза од домашниот шампионат, Макаби Ришон одигра нерешено кај Хапоел Ашдод, 32-32.

Македонскиот чувар на мрежата беше меѓу најдобрите поединци и успеа да одбрани 11 удари на домашните ракометари.

Макаби Ришон Ле Зион го има за играње уште градското дерби со Хапоел Ришон Ле Зион, но тоа нема да има важност, бидејќи Хапоел сигурно е втор, Макаби е трет на табелата, а овие две екипи ќе се сретнат и во полуфиналето на плеј-офот.

Првопласираниот Рамат Хашарон ќе игра против Хапоел Ашдод или против Холон.