Босилковска го водеше Пелистер до победа во пелагониското дерби

Ракометарките на Пелистер во натпревар од последното, 26 коло од Женската лига триумфираа над Деспина со 22:21 (12:11) и се изборија за 11-та сезонска победа.

Победничкиот гол беше дело на Моника Босилковска, која на минута пред крајот успеа да ја совлада противничката голманка, а Деспина во својот последен напад не успеа да реализира, откако Дона Маркоска интервенираше двапати.

Натпреварот во текот на сите 60 минути беше израмнет, двете екипи имаа свои подеми и падови, наизменично се менуваа во водство па така победникот се одлучуваше во финишот, во кој повеќе среќа имаа домаќинките.

Најефикасна на натпреварот беше членката на Пелистер, Моника Босилковска. Десното крило зад своето име запиша 13 погодоци, два од нив беа од пенал.

Во прилепскиот тим Ангела Камческа ги предводеше стрелците со седум погодоци, а ја следеа Мери Гичева и Евгенија Цаневска со по четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080