Еурофарм Пелистер го загуби седмиот натпревар во Лигата на шампионите на гостински терен кај ПИК Сегед со 34-26.
Левиот бек Урош Борзаш имаше еден погодок од шест обиди вели дека клучни за поразот се промашените зицери во вториот дел.
„Секогаш е задоволство да се игра во Сегед. Во првото полувреме ние го следевме концептот на нашиот тренер и тактиката која ја договоривме, но во второто полувреме голманот Роланд Миклер беше одличен. Имавме шанси и шутеви еден на еден, но не ги реализиравме, па сега продолжуваме да се подготвуваме за реваншот следната недела“, вели Борзаш.
Следен натпревар во елитната конкуренција, Еурофарм Пелистер ќе има во среда, на 22 ноември против ПИК Сегед во Битола.