Richárd BODÓ, Germany vs Hungary, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 22.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Бомбач повлече нога: Двајца репрезентативци на Унгарија пред трансфер во Ѓер

Машкиот тим на Ѓер, кој ќе влезе во најсилната конкуренција во Унгарија од следната сезона, има аспирации да направи голем успех.

За остварување на целта, управата на клубот го ангажираше средниот бек Дејан Бобач, кој во актуелниот прволигаш ќе пристигне од ПИК Сегед.

Словенечкиот плејмејкер во Ѓер ќе остане најмалку до 2027 година, бидејќи потпиша договор на три сезони.

Потписот на Бомбач треба да привлече и други големи имиња да дојдат во овој клуб, а низ ракометните кулоари се зборува дека на амбициозниот проект ќе му се приклучат двајца искусни играчи.

Станува збор за репрезентативците на Унгарија, левиот бек Ричард Бодо и десниот бек Жолт Балог.

Бодо, исто како и Бомбач, моментално го носи дресот на ПИК Сегед, додека Балог настапува за Ференцварош.

За Бодо постои интерес и од Ференцварош, но најверојатно 31-годишниот ракометар ќе заврши во таборот на Ѓер.

ТРАНСФЕР БОМБА: Дејан Бомбач три сезони во Ѓер!