Екипата на Кил, кој моментално се наоѓа на 5. позиција во Бундес лигата, до месец февруари нема да смета на Хенрик Пекелер.
Искусниот кружен напаѓач го повреди палецот на левата рака и веќе е опериран, а неговото враќање е закажано дури по зимската пауза.
Тоа значи дека еден од најдобрите дефанзивци на светот нема да учествува на Светското првенство во јануари.
До враќањето на Пекелер, стручниот штаб на „зебрите“ ќе мора да најде адекватна замена.
Освен Пекелер, повредени во Кил се уште тројца клучни играчи – Елефсен а Скипаготу, Никола Билик и Тобијас Рајхман.