Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет славеше очекувана победа на гостувањето кај Гевгелија со 30-20.
Предводен од кадетската репрезентативка Анастасија Сентовска, која постигна 14 гола, Овче Поле СУ немаше поголеми проблеми.
Уште по првото полувреме беше најавен победникот, кога избраничките на Илија Бетувски водеа со 16-10, а вториот дел беше само рутински одработен.
Најдобри стрелци во победничкиот тим покрај Сентовска, беа Конева со шест и Манева со пет погодоци.
Во составот на Гевгелија се истакна Елена Димова со десет погодоци. Oвој дуел беше последен оваа сезона за двете екипи.