Новиот суперлигаш Бисинов го донесе првото засилување за претстојната сезона во која ќе биде историска за тимот од Велес.
Станува збор за десното крило Мартин Димов, кој потекнува од сосостав на Бисинов и се враќа дома, односно во матичниот клуб.
Димов, по настапите за велешкиот тим, долго време беше дел од Вардар Јуниор, каде беше меѓу најдобрите стрелци, настапуваше и за Бутел Скопје, а четири сезони играше и за Пролет.
Во кариерата забележа и неколку настапи за првиот тим на Вардар во рамките на регионалната СЕХА лига.
Покрај Димов, велешкиот тим планира да донесе уште неколку ракометари за суперлигашките предизвици.