„Знам дека се ближи крајот – тешко ми е да се замислам без ракомет“

Хенрик Мелград, еден од најценетите играчи во данскиот ракомет, се соочи со тешко сознание дека неговата долга професионална кариера е пред крај.

Тој демонстрираше моќ на теренот веќе 20 години, но повредата оваа сезона го натера да поминува повеќе време на клупата, отколку на теренот.

39-годишниот ракометар во интервју за данскиот портал Nordjyske.dk на кратко коментираше за неговите размислувања во иднина.

,,Би сакал да играм до моето пензионирање. Многу ми е тешко да сфатам дека ракометот нема да биде мојата работа, иако знам дека се ближи крајот”.

Неговиот договор со Алборг истекува во 2025 година, а Мелград се уште не е сигурен дали треба веднаш да се пензионира по истекот на договорот или да продолжи со активно играње.