Беше дел од Вардар и играше за Црна Гора, сега ја менува репрезентацијата!

Привремениот селектор на машката сениорска репрезентација на Србија, Далибор Чутура, го објави поширокиот список за декемвриската ЕХФ недела.

Како што е познато, репрезентацијата на Србија нема да учествува на Светското првенство 2025, па така овој период од подготовките ќе биде искористен за воигрување за преостанатите четири квалификациски натпревари за ЕП 2026.

На првиот список кај Чутура партиципираат 32 ракометари, а меѓу нив се најде екс ракометарот на Вардар, Андреј Добрковиќ, кој моментално гради интернационална кариера во  Унгарија, поточно во суперлигашот Дабас.

19-годишниот Добрковиќ има настапувано за кадетската и младинската репрезентација на Црна Гора, па така неговото менување на репрезентација е големо изненадување. Средниот бек беше меѓу најдобрите играчи на Европското младинско првенство во Словенија.

Екс вардарецот важи за еден од најталентираните играчи во неговата генерација во Црна Гора, а од својата 14-та година, па се до доаѓањето во Вардар (2022 година) беше дел од младинските категории на словенечкиот гигант Целје.